Дома Фудбал Лига на шампиони Бекот на ПСЖ не знаел кој е Халанд…Сега многу добро знае!

Бекот на ПСЖ не знаел кој е Халанд…Сега многу добро знае!

Eрлинг Халанд одново го воодушеви фудбалскиот свет, 19 годишниот Норвежанец одигра одличен натпревар против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Борусија Дортмунд во првиот натпревар од осминафиналето кој го играше на домашен терен запиша триумд од 2:1. Двата гола на „милионерите“ беа дело на Халанд. Норвешкиот „вундеркид“ така дојде до бројката од 10 гола во Лигата на шампионите со што е прв стрелец заедно со Роберт Левандовски.

Поради Халанд во центарот на вниманието после натпреварот се најде десниот бек на ПСЖ, Томас Мение. Мение стана предмет на исмејување поради изјавата за Халанд пред натпреварот.

„Дали се плашам од Халанд? Не знам ниту кој е тој“, изјави Мение.

Мение помина лошо и поради тоа што заработи жолт картон оради кој ќе го пропушти реваншот, на таа тема повторно даде бизарна изјава.

„Не знаев дека сум под закана за суспензија. Да знаев немаше да добијам жолт картон“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…