Тренерот на Барселона, Чави Хернандез започнал преговори со каталонскиот гигант за продолжување на соработката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот договор на Чави истекува во јуни 2024 година, но Барселона е задоволна од неговата работа и сака да го задржи подолго.
Клубот веќе подготвил нов договор за 43-годишниот стратег, па Чави по завршување на сезоната ќе стави потпис на новиот договор.
И покрај тоа што клубот не е баш во стабилна финансиска ситуација, Чави најверојатно ќе добие зголемување на платата после освоената титула во Примера.