Дома Топ вести Барселона со пресврт до победа против последниот тим во Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона со пресврт до победа против последниот тим во Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона денес во рамките од 14-тото коло во шпанската Ла Лига имаше проблеми, но сепак успеа да слави на гости кај Леганес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последнпласираниот тим на табелата изненадувачки во 12-тата минута стигна до предност. Барселона ја имаше топката во свој посед меѓутоа не создаваше премногу шанси и во првите 45 минути упатија само два удари во рамките од голот на домаќините.

До изедначување Барселона стигна после шест минути игра во вториот дел преку Луис Суарез. Каталонците очекувано сакаа три бода, па и понатаму напаѓаа. До победнички гол успеаа да стигнат на десетина минути пред крајот кога Артуро Видал ја погоди мрежата на Куељар.

Со овој триумф Барселона има три бода повеќе од Реал Мадрид кој денес подоцна го игра својот натпревар од ова коло со Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…