Првото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид оваа сезона е закажано за 26-ти октомври во 13 часот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа постои голема веројатност натпреварот да се одложи. Во Каталонија има протести поради пресудата за затворски казни на политичарите кои го организираа референдумот пред две години и таму е вистински хаос.
Се појави предлог да се заминат домаќинствата меѓутоа Барса и Реал ја одбија таа можност.
Сега мадритски „АС“ пренесува дека во Барселона размислуваат дури и еден од најголемите натпревари во фудбалскиот свет да се игра пред празни трибини.
Сепак, тешко дека Ла Лига ќе дозволи „Ел Класико“ да биде одиграно без гледачи.