Дома Топ вести Барселона продаде дел од „Студиос“ за да ги регистрира засилувањата

Барселона продаде дел од „Студиос“ за да ги регистрира засилувањата

Барселона е во трката со времето за да успее да ги регистрира новите засилувања до утре, кога го игра првиот натпревар од новата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челниците на клубот направија важен чекор и денес продадоа 24% од акциите на „Барса Студиос“ за околу 100 милиони евра на Орфеус Медиа.

Сумата што ја добија треба да им овозможи да пријават дел од играчите за првиот натпревар од Примера кој утре го играат против Рајо Ваљекано.

Барселона моментално има само 17 пријавени играчи, а приоритет е што поскоро да се потврди соработката со Андраес Кристенсен и Франк Кеси, кои можат да го напуштат клубот како слободни играчи доколку не бидат пријавени пред првиот официјален натпревар на сезона.

Исто така ќе се обидат да го пријават и Роберт Левандовски, кој е главна ѕвезда на преодниот рок. Не е познато дали ќе има можност да биде регистриран Рафиња, како и играчите со нови договори како Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид ја прекинува потрагата по нов играч за врска

Управата на Реал Мадрид одлучила да ја прекине потрагата по нов играч од средниот ред, отк…