Дома Топ вести Барселона притиска за Стерлинг, проблем е цената

Барселона притиска за Стерлинг, проблем е цената

Барселона покажува сериозен интерес за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, пренесуваат каталонските медиуми.

Барселона се обиде да го ангажира Стерлинг и во летниот преоден рок, но немаше финансиски услови да го комплетира трансферот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стерлинг го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, па и самиот потврди дека размислува да си замине од „Етихад“.

Договорот на Англичанецот со „граѓаните“ истекува во 2023 година, а Сити поставил цела од 80 милиони евра за неговата слобода.

Токму тоа може и да биде проблем за реализација за трансферот, бидејќи Барселона во моментов не може да си дозволи толкава трансферна сума.

Не е исклучено како дел од трансферот Каталонците да го понудат Осман Дембеле, кој одбива да го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…