Дома Трансфер зона Барселона ова лето ќе го донесе поранешниот играч на Реал Мадрид?

Барселона ова лето ќе го донесе поранешниот играч на Реал Мадрид?

Екипата на Барселона ова лето има намера да го донесе поранешниот играч на лутиот ривал Реал Мадрид, пренесува шпанска Марка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секогаш добро информираниот извор пренесува дека Каталонците му “фрлиле око“ на Тео Хернандез, кој во Реал играше до пред една година.

Тогаш овој лев бек премина во Милан за само 20 милиони евра, а со оглед на игрите кои ги прикажува на Сан Сиро сега цената му е значително зголемена.

Барса сака да ја засили позицијата лев бек и се чини дека изборот паднал на Хернандез.

Освен каталонската екипа, заинтересиран за неговите услуги е и Јувентус, кој може да му ги расипе сметките на повеќекратниот европски шампион.

Инаку, вредноста на трансферот која се споменува е 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Селектор доби отказ по првиот натпревар на Светското првенство!

Сабри Ламуши доби отказ од позицијата селектор на Тунис во текот на Светското првенство. К…