Дома Фудбал Останато Барселона објави колку заработила од продажбата на билети за мечот со Ајнтрахт

Барселона објави колку заработила од продажбата на билети за мечот со Ајнтрахт

Потпретседателот на Барселона, Елена Форт откри дека клубот заработил нешто над три милиони евра од продажбата на билети за натпреварот против Франкфурт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освен елиминацијата на Барселона од Ајнтрахт во медиумите главна тема е и ситуацијата со навивачите на трибините каде што имаше околу 30.000 навивачи на германскиот тим, иако УЕФА на гостите им додели само 5.000 билети.

Во Барселона добро заработиле, меѓутоа поради целата ситуација немаат причина за задоволство.

„Со продажбата на билети за натпреварот против Ајнтрахт собравме над три милиони евра, но не сме задоволни после она што се случи вчера на трибините. Сакам да се извинам на сите наши членови кои вчера беа на стадионот, срамно е и неприфатливо“, изјави Елена Форт.

Таа потврди и дека Барселона директно не продала влезници на навивачите од Германија, а биле блокирани германски ИП адреси и германски платежни картички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд се огласи на Инстаграм – неговата објава собра речиси 5 милиони лајкови за пет часа

СЕЛЕКЦИЈАТА на Норвешка успеа да се пласира во четвртфиналето на Светскиот шампионат откак…