Дома Топ вести Барселона може да остане и без наследникот на Меси!?

Барселона може да остане и без наследникот на Меси!?

Тешката финансиска ситуација продолжува да ја „тресе“ Барселона, а шпанските медиуми пренесуваат дека преговорите со Ансу Фати за нов договор не одат во добра насока.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на 18-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, но Барселона има опција за автоматско продолжување на уште една година.

Сепак, Каталонците започнаа преговори за нов догорочен договор, но имаат проблеми со неговиот агент Жорге Мендеш.

Барселона  не е во ситуација да му понуди богат и долгорочен договор на Фати поради тешката финансиска ситуација.

Другата причина за застој во преговорите е што каталонскиот клуб сака во новиот договор да има откупна клаузула од 1 милијарда евра, а тоа Мендеш не сака да го прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…