Дома Фудбал Барселона изненади со позицијата за Суперлигата

Барселона изненади со позицијата за Суперлигата

Барселона издаде соопштение во кое објасни зошто се согласиле да бидат меѓу основачите на Суперлигата и дека клубот останува верен на проектот.

За разлика од шесте англиски клубови кои излегоа од Суперлигата и ја оставија со скромно извинување до навивачите преку соопштенија, Барселона ја посочува Суперлигата како неопходност и жалат што го одложиле започнатото.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според „Мундо Депортиво“, Лапорта прво разговарал со холандскиот стручњак, а потоа и со капитените на Барселона. Претседателот ги информирал дека Барса мора да ги брани своите интереси при создавањето на Суперлигата.

Со оглед на сериозната економска криза што ја доживуваат фудбалските клубови поради пандемијата на коронавирусот, потребно е да се бара начин да се остварат дополнителни приходи. Според Лапорта, клубовите добиваат премалку пари од распределбата на приходите од УЕФА и ФИФА, особено од Лигата на шампиони.

„Барселона го дели ставот на повеќето големи европски клубови дека во сегашната економска ситуација е потребно да се спроведат структурни реформи за да се гарантира финансиска одржливост и да се подобри спектаклот што им го нудиме на навивачите ширум светот и да се зголеми нивниот број како основа на која тоа почива. Поради сето горенаведено, раководството на Барселона ја прифати понудата да станеме еден од основачите на Суперлигата“, стои меѓу друго во соопштението на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…