Дома Фудбал Барселона го претстави Кристенсен: Дојдов тука да победувам и да освојувам трофеи!

Барселона го претстави Кристенсен: Дојдов тука да победувам и да освојувам трофеи!

Aндреас Кристенсен денес и официјално претставен во Барселона. Дефанзивецот кој доаѓа од Челзи откако му заврши договорот потпиша договор до 2026 година.

Кристенсен во Барселона ќе биде замена за Ленгле кој кариерата ќе ја продолжи во Тотенхем како позајмен играч. Данскиот фудбалер ги одработи медицинските прегледи, после што беше претставен на „Ноу Камп“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Тука сум за да победувам, тоа ми е главната цел. Имаме голем потенцијал и овој тим мора да освојува трофеи. Се радувам на здравата конкуренција, можам многу да научам од играчите тука. Секој ден ќе давам се од себе и ќе се трудам да учам. Ова за мене е доказ дека соништата се остваруваат, навистина сум горд“, изјави Кристенсен.

Се очекува Барселона да биде и понатаму активна во преодениот рок бидејќи се заинтересирани за услугите на Левандовски, Рафиња и двоецот од Челзи, Алонсо и Азпиликуета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…