Дома Топ вести Барса почна преговори – конечно пристигнува наследникот на Чави!

Барса почна преговори – конечно пристигнува наследникот на Чави!

Каталонските медиуми лансираа вистинска бомба и пренесуваат дека Барселона тргнала по најголемото засилување за следната сезона – Марко Верати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот за кого Чави и Иниеста изјавија дека е нивниот легитимен наследник е најголема желба на Барселона во летниот преоден рок. Медиумите пренесуваат дека Каталонците веќе ги направиле првите чекори и започнале преговори со агентот на Верати, Донато ди Кампли.

Раководството на Барса сака да се информира колкави се шансите Италијанецот да пристигне на „Камп Ноу“, а извори блиски до играчот потврдуваат дека постои обострана желба и дека каталонскиот клуб е прв избор на Верати.

Сепак, проблем претставува ПСЖ кој не сака да слушне за неговата продажба, но агентот во наредните недели ќе прави притисок и ќе се обиде да ги „омекне“ ставовите на францускиот клуб.

Барселона е спремна да издвои 70 милиони евра за неговиот потпис, но прашање е дали и тие ќе бидат доволни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…