Дома Топ вести Барса понуди две ѕвезди и 40 милиони за Нејмар, ПСЖ кажа НЕ!

Барса понуди две ѕвезди и 40 милиони за Нејмар, ПСЖ кажа НЕ!

Преговори помеѓу Барселона и ПСЖ за трансферот на Нејмар постојат, иако клубовите немаат директен контакт преку свои официјани преставници.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Весникот „АС“ пренесува дека преговорите помеѓу двата клуба се водат преку посредници, а Барселона испратила интересна понуда од францускиот клуб.

Имено, Каталонците понудиле 40 милиони евра плус правата на Филипе Кутињо и Осман Дембеле за да дојдат до потписот на Нејмар.

Меѓутоа „светците“ експресно ја одбиле таквата понуда. ПСЖ е спремен да го пушти Нејмар, но сака да врати поголем дел од вложените 222 милиони евра, колку што платија за Бразилецот пред две години.

Барселона не може да плати таква сума после трансферот на Гризман, па инсистира во договорот да бидат вклучени некои од своите фудбалери.

Во меѓувреме Нејмар прави се што е можно за да го убеди ПСЖ да го пушти да се врати во Барселона. Бразилецот не е среќен во Париз и е спремен да ја намали својата плата само за да се врати на „Камп Ноу“.

После трансферот на Гризман кој чинеше 120 милиони евра, Каталонците не се спремни да потрошат голема сума за Нејмар, но сепак се оптимисти дека долгите преговори и желбата на играчот ќе вродат со плод и дека на ккрајот ПСЖ ќе прифати во договорот да бидат вклучени Кутињо и Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…