Дома Фудбал Барса брзо реагира: Фати ќе потпише договор на пет години, но го обезбеди и својот брат

Барса брзо реагира: Фати ќе потпише договор на пет години, но го обезбеди и својот брат

Не престанува да се пишува за 16 годишното чудо од дете кое блеска на почетокот од сезоната во Барселона.

Барселона на светскиот фудбал изгледа му подари нова голема ѕвезда во името на Ансу Фати, барем така изгледа на почетокот од неговата кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тинејџерот Фати го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи во Примера каде што неочекувано доби шанса поради повредите во таборот на Барселона. Таа шанса тој максимално ја искористи и на три натпревари постигна два гола и запиша една асистенција. Вчера стана и најмладиот дебитант за Барселона во Лигата на шампионите.

И поради сето ова наскоро ќе добие нов договор. Договор кој ќе го внесе во професионалниот фудбал. Според информациите од Каталонија Фати ќе добие договор на пет години, а заработката ќе зависи од тоа дали ќе остане со првиот тим или ќе биде вратен во Барса Б кога целосно ќе бидат спремни Меси и Дембеле.

Доколку остане со првиот тим Фати ќе заработува еден милион, со тоа што платата би му се зголемувала за 250.000 евра во секоја наредна година. Доколку па биде вратен во Б тимот ќе заработува 300.000 евра.

Не заборава Фати и на својот брат. Неговиот постар Брат Браим исто така е член на Барселона, но е испратен на позајмица во Калагори до крајот на сезоната. Браим благодарение на Фати ќе добие договор на три години иако не е талентиран како Фати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…