Дома Македонски спорт Барди со двата гола против Селта испиша историја во Леванте

Барди со двата гола против Селта испиша историја во Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера одигра одличен натпревар во победата на Леванте на гости кај Селта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барди уште во првото полувреме постигна два гола, а треба да се спомене дека ова беше и негов јубилеен 100-ти натпревари во дресот на Леванте.

Со овие два гола Барди испиша историја во Леванте и стана најефикасниот странец во историјата на клубот во првите 100 натпревари.

Сезонава македонскиот фудбалер зад своето име има седум гола, а посебно добро игра по рестартот на Ла Лига. Токму поради тоа медиумите пред некое време на големо го поврзуваа со трансфер во редовите на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Никој не разбира зошто: Мурињо брутално го понижи Ференцварош по натпреварот

Жозе Мурињо по натпреварот против Ференцварош немаше многу да каже, но со едно реченица ус…