Дома Македонски спорт Барди пред Малта: Важно е да стартуваме со победа

Барди пред Малта: Важно е да стартуваме со победа

Вечерва од 20:45 часот фудбалската репрезентација на Македонија ги започнува квалификациите за Европското првенство 2024, а противник ни е Малта.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од најважните нашите фудбалери, Енис Барди пред натпреварот потенцираше дека е важно Македонија квалификациите да ги започне со победа.

„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што нѐ очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта.

За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, изјави Барди.

Ќе потсетиме, покрај Малта во нашата група се уште Украина, Англија и Италија. Македонија во второто коло е слободна, па затоа во понеделник во Скопје во пријателски натпревар ќе ни гостуваат, Фарски Острови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…