Дома Фудбал Останато Балотели го обвинуваа дека е дебел, а тој им одговори со урнебесна фотографија (фото)

Балотели го обвинуваа дека е дебел, а тој им одговори со урнебесна фотографија (фото)

baloteli

Француските медиуми пред неколку дена објавија дека Марио Балотели е парично казнет од страна на својот клуб Ница бидејќи со вишок килограми се појавил на тренинзите.

Балотели поради проблеми со килограмите го пропушти и последниот натпревар за репрезентацијата, Манчини порача дека не е спремен. Француските медиуми набрзо потоа објавија дека Балотели премногу се опуштил во текот на летото и во клубот се вратил со повеќе килограми од дозволеното.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пишувањата на француските медиуми беа дека Балотели после враќањето од припремите се појавил со 103 килограми, а фудбалерот во текот на вчерашниот ден се огласи преку својот Инстаграм профил.

„Казнет сум бил дека сум предебел? Прво погледнете го моето тело и потоа зборувајте ми дека имам вишок килограми. Второ, е*ете се со вашите измислени приказни. Сега зборувате дека сум казнет и лажете. Кој и да го напишал тоа многу брзо ќе остане без работа“, порача Балотели.

Набрзо потоа постави и иронична фотографија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…