Баерн Минхен е во потрага по врвен напаѓач, а најново име на списокот е Јулијан Алварез од Манчестер Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Баерн веќе подолго време преговара со Хари Кејн, но не може да најде заеднички јазик со Тотенхем.
Поради тоа Баварците веќе бараат алтернатива, а прва желба е токму Јулијан Алварез од Манчестер Сити.
Алварез одигра одлично на Мундијалот и го покажа својот потенцијал, но не добива голема минутажа на „Етихад“, па Баварците се спремни да понудат 80 милиони евра за неговиот потпис.
Аргентинецот е спремен за трансфер во Минхен, каде ќе има статус на прв напаѓач, а сега е во сенка на Халанд.