Дома Фудбал Германија Баерн сака Кутињо да остане на позајмица

Баерн сака Кутињо да остане на позајмица

Германскиот првак има намера да го задржи Кутињо на Алијанц Арена.

Кутињо оваа сезона е во Баерн како позајмен играч од Барселона и на 32 натпревари постигна девет погодоци. Иако Баварците не сакаат да го откупат неговиот договор, имаат намера да го задржат во тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот моментално се опоравува од повредата и ќе биде подготвен за враќање на почетокот од јуни, а во Баерн веруваат дека ќе им биде потребен таков играч во густиот распоред до крајот на сезоната.

Германскиот првак го очекуваат натпреварите од ЛШ во август, завршницата во Купот и нормално, борбата за титулата во Бундеслигата.

Останува да видиме дали Барса ќе се согласи Кутињо да остане на позајмица или ќе го врати на Камп Ноу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…