Дома Фудбал Германија Баерн призна: Не бараме тренер, сакаме Хејнкес да остане!

Баерн призна: Не бараме тренер, сакаме Хејнкес да остане!

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес јавно ја искажа желбата на клубот да го задржи Јуп Хејнкес на клупата и следната сезона.

Хејнкес дојде како привремено решение после отказот на Анчелоти, но раководството на германскиот гигант сака да го задржи и за следната сезона.

„Се обидуваме да му објаснеме на Јуп дека неговата мисија во Баерн се уште не е завршена. Тој треба да биде тренерот со кој Баерн ќе направи подмладување на тимот. Се надевам дека ќе успеам да го убедам да остане уште една година. Во моментов немаме план Б и не бараме тренер“, изјави Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Глен Џонсон го фали Алекс Скот како потенцијално засилување за Челзи

Поранешниот десен бек на Челзи, Глен Џонсон, го пофали младиот играч на Борнмут, Алекс Ско…