Томас Тухел останува на чело на Баерн Минхен и покрај срамниот пораз на тимот од Хајденхајм во Бундеслигата со 3-2.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од клубот потврдија дека тој ќе го води тимот на гостувањето кај Арсенал во Лондон во вторник во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Веќе беше одлучено Баерн да се раздели со Тухел на крајот од сезоната, но поради лошите резултати се шпекулира дека може да добие отказ предвреме.
„Не размислувам да го отпуштам Томас сега. Тренерот не е секогаш проблемот. Сигурно ќе биде на клупата во Лондон. Сепак, не можам дефинитивно да одговорам дали ќе остане тука до самиот крај на сезоната“, изјави спортскиот директор Еберле.