Дома Трансфер зона Баерн и Сити размислуваат исто, но не и Алаба

Баерн и Сити размислуваат исто, но не и Алаба

Давид Алаба би можел во текот на летото да ги напушти редовите на минхески Баерн.

Репрезентативецот на Австрија е подготвен после 12 години да го напушти Баерн, а 27-годишниот фудбалер се поврзува со Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Интересно е дека Баерн и Сити имаат исто размислување кога е во прашање потенцијалниот трансфер на овој фудбалер. Подготвени се на размена Алаба – Сане, но имаат еден проблем.

Како што тврди германски Билд, Алаба не сака трансфер во Англија. Негова желба е да заигра во Шпанија, односно да го облече дресот на Барса или Реал.

Поради тоа тој и неговиот агент Захави одбија било какви разговори за потенцијалнара размена и скоро сигурно е дека Алаба нема да го облече дресот на Сити.

Од 2009. година кога стана член на првиот тим Алаба одигра 372 натпревари за Баварците и постигна 30 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…