Дома Фудбал Останато Аутсајдерот од Луксембург кој вечерва игра против Милан за сопственик има навивач лутиот ривал

Аутсајдерот од Луксембург кој вечерва игра против Милан за сопственик има навивач лутиот ривал

beka

Тимот на Дуделаж оваа сезона стана првиот тим од Луксембург кој се изборил за учестуво во групна фаза на едно европско натпреварување.

На тој начин овој тим оствари историски успех, а првиот натпревар Дуделаж ќе го одигра на домашен терен против италијански Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека тренерот на Дуделаж, Дино Топомлер призна дека е фан на „росонерите“, претседател Флавио Бека во разговор за „Газета дело Спорт“ откри дека неговото срце припаѓа на другата страна на Милано.

„Милан? Навивам за Интер…“, изјави Бека кој има италијанско потекло и откри неколку информации за клубот.

„Имаме 11 или 12 играчи од Луксембург, останатите доаѓаат од Белгија, Германија, Франција, Грузија…Тука е поранешниот дефанзивец на ПСЖ и Лацио, Милан Бишевац, па Давид Трупел, потоа Лендри Бенефои кои бранеше за Јувентус“, открива сопственикот на клубот.

Потоа додаде дека доколку Дуделаж би бил италијански по квалитетот би играл во Серија Ц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…