Дома Фудбал Англија Аталанта го „потопи“ Ливерпул, Рома го освои Сан Сиро

Аталанта го „потопи“ Ливерпул, Рома го освои Сан Сиро

Аталанта го приреди најголемото изненадување во четвртфиналните натпревари од Лига Европа и со 3:0 славеше на „Енфилд“.

Џанлука Скамака во 38.минута најави сензација, па иако и Ливерпул имаше свои шанси, сепак гостите направија сензација. Скамака со својот втор гол зголеми до полувреме, а конечните 0:3 беа дело на Пашалиќ во 83-та минута.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Рома успеа да запише голема победа на „Сан Сиро“ и со минимални 1:0 си замина дома. „Росонерите“ беа подобар противник во текот на целиот меч, но Рома рано дојде до водство со голот на Манчини од корнер.

Рома потоа одигра зрел натпревар и се бранеше, а Жиру беше трагичар кој во две чисти шанси не постигна гол и ја погоди пречката.

Леверкузен со 2:0 го победи Вест Хем на домашен терен, а Бенфика славеше над Марсеј со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салах имаше порака за Клоп и најави „пеколна борба“ за трофеи со Ливерпул

Ако имаше дилема, сега ја нема – Мохамед Салах и следната сезона ќе го носи дресот н…