Aстон Вила планира да игра со младинците против Ливерпул во третото коло од ФА Купот, поради значително зголемиот број заразени со коронавирусот, пренесува „Би-Би-Си“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во четвртокот клубот го затвори тренинг центарот поради големиот број позитивни на тестирањето за коронавирус. Вечерва тимот од Бирмингем треба да игра во третата рунда од ФА Купот. „Би-Би-Си“ пренесува дека во случај овој натпревар да се игра, Астон Вила на терен ќе ги испрати младинците.
Како што претходно беше објавено претставниците на клубот преговараат со Фудбалската асоцијаицја (ФА) и Премиер лигата. Дали натпреварот ќе се игра ќе се знае во текот на денот.