Дома Фудбал „АС“ тврди: Бензема веќе потпишал нов договор

„АС“ тврди: Бензема веќе потпишал нов договор

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема веќе потпишал нов договор со „кралскиот“ клуб, пренесува мадрдскиот весник „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Останува уште клубот официјално да ја потврди информацијата, но најверојатно тоа ќе се случи на крајот на сезоната.

Досегашниот договор на Бензема истекуваше во 2021 година, а со новиот ја продолжи соработката за додатни 12 месеци. Во Реал Мадрид постои принцип фудбалери со 30 и повеќе години да не го продолжуваат договорот на повеќе од една година.

Бензема има 32 години и ја игра 11-та сезона во „кралскиот“ клуб, а според новиот договор сигурно ќе игра на „Сантиаго Бернабеу“ уште две години.

Не е тајна дека напаѓачот е во одлични односи со Флорентино Перез и тоа е основа Бензема да остане долги години на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп го откри својот фаворит за освојување на СП

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп со огромен ентузијазам го …