Дома Фудбал Англија Артета: Сакам да имам борци, жртви не ни се потребни

Артета: Сакам да имам борци, жртви не ни се потребни

Mенаџерот на Арсенал Микел Артета истакна дека атмосферата во соблекувалната на лондонскиот тим е добра колку што може да биде во ваква ситуација.

Арсенал го има најлошиот почеток на сезоната уште од 1981 година. Клубот од „Емирати“ веќе претрпе осум порази во Премиер лигата и се наоѓа на 15. место на табелата.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Атмосферата во тимот е добра колку што може да биде во ваков момент. Тешко е во соблекувалната кога губите, играчите се повредени и сакаат да направат нешто повеќе. Но, но ние сме единствени“.

„Во ваква ситуација имате два типа на луѓе – борци и жртви. Нас ни се потребни борци, а не жртви. Жртвите бараат изговори и ги обвинуваат другите за она што им се случува. Сакам да имам борци кои ќе дадат се од себе на теренот“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе откри за кој клуб отсекогаш навивал: Би можел да заиграм таму

Килијан Мбапе станува слободен агент на 30 јуни. Светските медиуми веќе подолго време пишу…