Дома Фудбал Останато Арсенал – Валенсија: Битка за спас на сезоната!

Арсенал – Валенсија: Битка за спас на сезоната!

Во ½ финалето од ЛЕ се сретнуваат екипите на Арсенал и Валенсија. И двете екипи сакаат трофеј, бидејќи само тоа може да им биде влезница за ЛШ во наредната сезона.

Арсенал: Може ли тренерот да го надитри противникот?

Унај Емери не е кој знае каков експерт, но сепак не е за потценување. Треба да нагласеме дека Арсенал во овој натпревар влегува после три последователни порази и тоа од екипи кои не би требало да имаат епитет на сериозна закана. Моментално на табелата во Премиер Лгиата се на 5-то место, но тоа резултираше со добри резултати во Лига Европа. Да бидеме искрени, Арсенал направи неколку импресивни резултати кои не смееме да ги занемариме. До завршетокот има уште две кола, а со евентуални две победи и пораз на Челзи тие можат да ја исполнат целта, но веруваме дека тоа ќе биде и прилично тешка мисија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Валенсија: Екипата наречена реми, сега силно посакува нерешен исход

Почетокто на сезоната беше трауматичен за екипата од Местаља. Во прелазниот рок се трошеше многу, бидејќи така бараше пласманот во ЛШ. За жал на овој тим не им тргна се според планот, па Валенсија зазеде позиција која е многу поблиску до дното отколку до врвот на табелата. Работите во 2019 година се променија и Валенсија започна конечно да игра. Сега се наоѓаат на одлична позиција и имаат се уште шанси за Европа. Искрено, испитот е доста тежок, но Валенсија знае и умее како да се справи со тоа.  Овде има се уште прилики за голем успех, а тоа е освојување Лига Европа, Куп на кралот и 4-то место во Ла Лига… Можеби тешко, но остварливо!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…