Дома Фудбал Англија Арнаутовиќ надвор од теренот месец дена

Арнаутовиќ надвор од теренот месец дена

Напаѓачот Марко Арнаутовиќ во наредните месец дена нема да биде на располагање на својот Вест Хем. Имено, Арнаутовиќ заработи незгодна повреда на задната ложа и нема да биде од помош на својот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арнаутовиќ се повреди на дуелот помеѓу Вeст Хем и Кардиф, кој заврши 3:1.

Поради повредата теренот мораше да го напушти во 40. минута, а можно враќање се споменува 5. јануари следната година.

Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини ја потврди оваа информација и истакна дека за месец дена очекува да се врати во тимот.

Да потсетиме, Арнаутовиќ во Вест Хем стигна во 2017. година од Стоук, а во последно време се поврзува со италијанска Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бил пастир и бездомник, а потоа стана рекордер и херој на најкомплицираната приказна на СП (Видео)

Иранскиот репрезентативен голман Алиреза Беjранванд повторно ја привлече вниманието на све…