Дома Фудбал Аргентински новинар: Меси 90% останува во Барса

Аргентински новинар: Меси 90% останува во Барса

Аргентинскиот новинар Мартин Аревало тврди дека постои 90% можност Лионел Меси да остане во Барселона.

Аревало на социјалните мрежи напиша дека најреална можност во моментов, по денешниот состанок, е Меси да остане во Барселона.

Првиот состанок на таткото на Меси и претседателот Жозе Мартија Бартомеу заврши без договор за иднината на фудбалерот, па утрово имаше нов состанок.

Меси минатата недела соопшти дека сака да ја напушти Барселона бесплатно, зашто смета дека неговата клаузула во договорот уште е активна, иако така не мисли Ла Лига.

Понудата од страна на Барселона е да остане уште една сезона и следното лето да може да си замине како слободен агент, а според еминентниот новинар најверојатно Меси ќе се согласи на тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…