Дома Фудбал Репрезентации Аргентина пред ПСЖ: Меси побарал да му се даде одмор пред Светското првенство

Аргентина пред ПСЖ: Меси побарал да му се даде одмор пред Светското првенство

Лионел Меси нема да игра во последното коло од Лига 1 пред паузата за Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Француските медиуми откриваат дека Меси побарал од тренерот Галтие да го остави надвор од составот за натпреварот против Оксер, закажан за 13 ноември.

ПСЖ утре ќе му гостува на Јувентус во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по што ќе има уште два првенствени натпревари со Лориен на гости и Оксер на „Паркот на принцовите“.

Тоа значи дека Меси повеќе нема да игра во Париз, туку на преостанатите две гостувања, по што сака да одмори две недели и да ги наполни батериите за Светското првенство во Катар.

Аргентина е во групата Ц, каде се уште Полска, Мексико и Саудиска Арабија. Аргентина го отвора турнирот на 22 ноември. Ќе потсетиме, Меси веќе потврди дека ова ќе биде неговото последно Светско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…