Дома Топ вести Аргентина во четвртфиналето на Копа Америка: Мартинез му донесе радост на светскиот шампион (ВИДЕО)

Аргентина во четвртфиналето на Копа Америка: Мартинез му донесе радост на светскиот шампион (ВИДЕО)

Аргентина е првата репрезентација која обезбеди четвртфинале на Копа Америка. Актуелните светски шампиони и бранителите на континенталната круна го совладаа Чиле со 1:0 на стадионот во Њу Џерси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Решавачкиот гол беше постигнат во 88. минута. По корнерот кој го изведе Меси, во шеснаесетникот на Чиле најдобро се снајде Лаутаро Мартинез кој од неколку метри го совлада голманот Браво за триумф на Гаучосите.

Натпреварот помина во целосна доминација на Аргентинците. Имаа дури 21 удар кон противничкиот гол, но Меси и соиграчите на самиот крај успеаја да го најдат патот до противничката мрежа.

Во вториот натпревар од оваа група исто така беше виден еден гол. Канада беше подобра од Перу со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Иранците не сакат повеќе малтретирање во САД, сега на потег е ФИФА!

Фудбалската федерација на Иран ќе поднесе официјална жалба до Меѓународната фудбалска феде…