Дома Топ вести Анчелоти ќе биде на слатки маки: За Мбапе во Реал има три опции

Анчелоти ќе биде на слатки маки: За Мбапе во Реал има три опции

Во летото кое следи конечно се очекува Килијан Мбапе да ја промени средината и да го напушти Пари Сен Жермен. Доколку нема некое големо изненадување или пресврт во целата ситуација, тој би требало да го облече дресот на Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Додека се чека се да биде и официјално потврдено, шпанските медиуми анализираат се околу францускиот голгетер. Сега „АС“ објавува каде Анчелоти би можел да го користи Мбапе.

Мбапе најдобро се снаоѓа на крилната позиција во нападот, но таму во Реал незаменлив е Винисиус Жуниор. Според „АС“ Анчелоти има три опции. Првата би била формација 4-3-3 во која Мбапе би бил централен напаѓач, додека Винисиус и Родриго би играле на крилните позиции, Белингем во таа ситуација треба да биде поповлечен зад нив.

Втората идеја е да нема место за Родриго, односнои Белингем да игра како „десетка“, а најистурено во нападот Мбапе и Винисиус. Последната трета опција е Белингем да биде десно во нападот, Винисиус лево, а Мбапе централно.

Опции дефинитивно има, останува да видиме како ќе комбинира Анчелоти, секако ако не дојде до некаков голем пресврт и Мбапе остане во ПСЖ или потпише за друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…