Реал Мадрид одбраната на трофејот во Лигата на шампиони ќе ја започне на гостувањето кај Селтик.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти потврди дека и оваа сезона целта е финале во турнирот и тимот ќе даде се од себе да стигне до финалето.




„Ќе биде тежок натпревар, бидејќи тие се добар тим и играат со голем интензитет. Подготвени сме да ја започнеме добро групната фаза. Ова е турнир во кој секогаш ќе бидеме респектирани поради нашата историја“.




„Како и минатата година, така и сега ќе се бориме до крај и се надеваме дека ќе стигнеме до финалето. Групата не е лесна, но добро ги познаваме тимовите и сметам дека ќе биде балансирано“, изјави Анчелоти.