Дома Фудбал Останато Анчелоти: Салах кажал дека е најдобар на неговата позиција? Се сложувам со него…

Анчелоти: Салах кажал дека е најдобар на неговата позиција? Се сложувам со него…

Tренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти ја припрема екипата за финалето против Ливерпул на 28. мај во Париз. Италијанскиот стратег зборуваше и за најголемата опасност за неговиот тим во натпреварот за трофеј.

За искусниот стратег Мохамед Салах е „опасност број еден“. Египќанецот ќе има посебен мотив поради начинот на кој го заврши финалето во 2018 година во Киев кога Рамос го повреди после половина час игра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неодамна Салах даде самоуверена изјава во која порача дека се смета себе за најдобар на светот на неговата позиција.

„Ако ме споредите со било кој играч на мојата позиција ќе видите дека сум најдобар во светот, статистиката може да ги потврди моите зборови.

Анчелоти се сложува со изјавата на Салах.

„Салах изјавил дека е најдобар на својата позиција? Се сложувам со него. На неговата позиција е најдобар“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез со одлука дефинитивно ја запечати судбината на Арбелоа, веќе се знае кој ќе биде новиот тренер на Реал?

Реал Мадрид ова лето речиси сигурно ќе го промени тренерот, а Флорентино Перез донесе одлу…