Италијанскиот стратег Карло Анчелоти пред вечерашниот натпревар против ПСЖ порача дека големите клубови не калкулираат туку идат на победа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Наполи на Сан Паоло ќе го пречека ПСЖ во еден од најважните натпревари во групната фаза, а Анчелоти порачува дека неговиот тим ќе даде се од себе да оствари победа и да остане во добра ситуација кога е во прашање пласман во нокаут фазата.
„Никогаш не е вистинско време да играш со најдобрите тимови. Спрема ПСЖ имаме голема почит, но со играта во претходниот натпревар покажавме дека можеме. Се наоѓаме во добар момент и ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме.“ – порача Анчелоти и додаде:
„Ситуацијата за нас е добра, многу подобра од после ремито против Звезда во првото коло, но големите тимови играат да победат, а не да калкулираат.“
Да потсетиме, Наполи моментално има пет бодови, односно еден повеќе од ПСЖ, но и еден помалку од Ливерпул кој е лидер.