Дома Македонски спорт Мак баскет Антиќ со 40 гласа „за“ избран за старо-нов претседател на КФСМ

Антиќ со 40 гласа „за“ избран за старо-нов претседател на КФСМ

Како и што беше најавувано претходно, на денешното собрание во хотелот „Александар Палас“ Перо Антиќ беше избран за старо-нов претседател на „куќата на кошарката“.

Антиќ до победата дојде лесно без противкандидат и доби 40 гласови „за“ и еден против. Присутни беа 41 од 45 делегати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На функцијата претседател, Антиќ дојде во 2019 година кога го наследи Петар Наумоски, а и тогаш исто така немаше противкандидати.

Во неговиот период на чело на федерацијата сменети беа четири селектори, Јорданчо Давитков, Александар Тодоров, Драган Бајиќ, а сега селекцијата ја води Александар Јончевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Готово: Интер потпиша со врвен напаѓач

Интер обезбеди големо засилување  за следната сезона, а тоа е напаѓачот на Порто, Мех…