Дома Фудбал Лига на шампиони Англичаните на вакво нешто во ЛШ чекаа цели 10 години

Англичаните на вакво нешто во ЛШ чекаа цели 10 години

Вчера Ливерпул во Минхен одигра фантастичен натпревар и го победи Баерн со 1:3 со што обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Ливерпул со пласманот во четвртфиналето стана четвртата англиска екипа помеѓу осумте најдобри. На вакво нешто Англичаните чекаа навистина долг период.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последен пат четири англиски клуба играа помеѓу најдобрите осумте пред десет години во сезоната 2008/2009. Помеѓу најдобрите осум тогаш се пласираа Манчестер Јунајтед, Члези и Арсенал. Освен тоа дури три од нив обезбедија место во полуфиналето.

Таа година единствената екипа во полуфиналето која не доаѓаше од Англија беше Барселона која за жал на Англичаните на крајот успеа да стигне до трофејот.

Во финалето таа година Барселона играше против Манчестер Јунајтед кого го совладаа со 2:0.

https://www.youtube.com/watch?v=PxluA6yNkwY

Од момент па навака англискиот фудбал како да стагнираше кога е напредокот во прашање. Ливерпул минатата година играше финале, додека претходно неколку пати се случуваше да нема англиски тим ниту во четвртфиналето.

Оваа година во четвртфиналето од Премиер лигата пласирани се: Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем. Друштво на англиските екипи ќе им прават екипите на Јувентус (Италија), Барселона (Шпанија), Порто (Португалија) и Ајакс (Холандија).

Ждрепката за четвртфиналето е закажана за утре во 12:00 часот. Гледајќи по имињата и прикажаното во досегашниот дел од сезоната најпосакуван противник за секој тим е португалскиот Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…