Дома Останати Англиски новинари откриваат: Џастин Гетлин повторно во центарот на допинг скандал!?

Англиски новинари откриваат: Џастин Гетлин повторно во центарот на допинг скандал!?

getlin

Џастин Гетлин е во центарот на нов допинг скандал откако Анти допинг агенцијата на САД отвори истрага за трката на 100 метри на Светското првенство.

„Дејли Телеграф’ тајно успеал да го сними тренерот на Гетлин Денис Мичел и неговиот агент, Роберт Вагнер како разговораат за допинг, но и за тоа како набават некои од забранети супстанци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гетлин го отпушти Мичел, но Анти допинг агенцијата на САД започала истрага за да се испита се што се случувала во тимот на светскиот шампион на 100 метри.

Новинарите на „Телеграф“ се претставиле како луѓе од филмската индустрија кои бараат тренер кој би можел да им помогне актерите да ги доведе во добра физичка форма. Мичел и Вагнер се понудиле да им набават тестерот и човечки хормон за раст за актерот во филмот да изгледа како вистински спринтер.

Производите би ги добиле од доктор од Австрија за сума од околу 250.000 долари. Да потсетиме Гетлин два пати во кариерата во 2001 и 2006 година беше суспендиран поради користење на забранети суспстанци, а на последното првенство го освои златото пред легендарниот Усаин Болт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…