Дома Фудбал Останато Англиската легенда го кажа својот став: Роналдо е голем играч, но не е ниту блиску до нивото на Меси

Англиската легенда го кажа својот став: Роналдо е голем играч, но не е ниту блиску до нивото на Меси

Лионел Меси вчера повторно блескаше во победата над Тотенхем од 2:4.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот на почетокот на оваа сезона како да сака да докаже дека е неправедно изоставен од финалистите за најдобар фудбалер во светот, па од самииот почеток игра на највисоко ниво.

Легендарниот Гери Линкер вчера ја прокоментира играта на Меси и тој смета дека ниту еден фудбалер не е блиску до неговото ниво.

„Искрено, дали некој навистина мисли дека некогаш постоел подобар фудбалер од Меси? Сериозно?“, се запраша Линкер, а потоа одговори и на едно прашање од Твитер „зошто на таков начин го понижува Роналдо“.

Линкер имаше интересен одговор.

„Го обожавам Роналдо и мислам дека е навистина голем играч. Сепак, не е ни блиску добар фудбалер како Меси. Постигна многу голови, но фудбалот е повеќе од тоа. Меси е на повисоко ниво“, порача Линкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …