Дома Фудбал Ангеловски: Ја прифаќаме фаворитската улога, утре се зависи од нас

Ангеловски: Ја прифаќаме фаворитската улога, утре се зависи од нас

Прес-конференција пред утрешниот натпревар со Лихтенштајн денес одржаа селекторот Игор Ангеловски и Енис Барди.

Ангеловски проача дека апсолутно ја прифаќаат фаворитската улога, но дека и истата ќе мора да се оправда на терен.

“Ја прифаќаме фаворитската улога, но истата мора да се оправда на терен. Многу пати сме биле во ваква ситуација и фудбалерите знаеле да реагираат. Имаа натпревар со Ерменија и истиот го анализиравме, се зависи од нас“.

Селекторот верува во подобра реализација од дуелот со Романија.

“Единствена моја замерка беше реализацијата, го кажав тоа и на прес-конференцијата после натпреварот. Ќе се потрудиме истата да ја поправиме“.

Фото: Петр Стојановски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…