Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски објасни зошто Кулушевски не е во репрезентацијата

Ангеловски објасни зошто Кулушевски не е во репрезентацијата

Селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција го објави списокот за натпреварите против Словенија и Полска во рамките од квалификациите.

Покрај објавувањето на списокот Ангеловски зборуваше и за Дејан Кулушевски кој во последно време стана актуелна тема. Кулушевски одлично игра во дресот на Парма во италијанската Серија А. Меѓутоа тој настапува за репрезентацијата на Шведска и според зборовите на Ангеловски тоа така и ќе остане иако федерацијата направила обид да го врати.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ангеловски откри дека имал разговор со Кулушевски и последниот бил пред само еден месец.

„Пред три години во Охрид имавме состанок со неговите родители. Јас отворено му понудив да игра за Македонија, меѓутоа тој ми кажа дека е роден во Шведска и сака да игра за таа селекција. Последен пат пред еден месец повторно разговаравме, меѓутоа го добив истиот одговор. Како селектор направив се што можам да го убедам да ни се приклучи, но сепак негова желба е да игра за Шведска и тоа е причината зошто не е во репрезентацијата“, изјави селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Далиќ го објави списокот: Ова се фудбалерите со кои Хрватска ќе игра на Европското првенство

Селекторот на Хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го објави списокот од 26 иг…