Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Македонија е подготвена за сите формации на Италија

Ангеловски: Македонија е подготвена за сите формации на Италија

Македонската фудбалска репрезентација утре гостува кај Италија во рамки на квалификациите за СП во Русија.

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски, истакна дека верува во добар резултат иако ја респектира големата Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се гордеам што ја предводам Македонија против четирикратниот светски шампион Италија. Италија е сериозен противник, но јас верувам во моите фудбалери и во тоа дека ќе го дадат својот максимум на мечот. Исто така се надевам дека ќе се вратиме со поволен резултат. Италија менуваше во однос на формацијата, она што последно слушнав е дека ќе играат во формација 3-4-3, но селекцијата е подготвена за сите системи“, истакна Ангеловски на пресот закажан пред утрешниот меч во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…