Дома Фудбал Останато Анализа и предлог типови: Самбата од исток против миланскиот гигант!

Анализа и предлог типови: Самбата од исток против миланскиот гигант!

Мора да кажеме дека потполно заслужено се овие две екипи во полуфиналето од Лига Европа. Ниту Интер, а ниту Шахтјор не успеаа да ја поминат групата, но како третопласирани најдоа место во послабото европско натпреварување и сега еве ги на прагот од финалето.

Интер: Европски трофеј за Интер?

Последен пат во завршницата од некој европски куп, Интер го гледавме пред десет години. Тогаш овој тим беше непобедлив. Освен трофејот на домашно тло, ја освоија и ЛШ, па навивачите беа во делириум. Успесите се врзуваат за тренерот Мурињо, но многу ги забораваат и фантастичните фудбалери од тој период. Миланскиот тим одлично се снајде на завршниот турнир. Прво играа со Хетафе, а потоа го елиминираа и Леверкузен. Сега имаат уште еден тежок испит, бидејќи се сретнуваат со Шахтјор, екипата која буквално „вези“ оваа година во Лига Европа.

Шахтјор: Украинците влегоа во топ форма, а трофејот не е далеку


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Начинот на кој Шахтјор игра во последно време ја восхити цела Европа. Овој тим ја одбрани титулата во Украина и повторно ќе игра во ЛШ, но силно го посакува овој трофеј кој не им е освоено уште од далечната 2009 година. Многу проблеми Шахтјор имаше во групата на ЛШ, но сепак успеа да го преземе третото место и да стигне во ЛЕ. За ¼ финалето не се ни сомневавме дека ќе го поминат Базел. Резултатот беше 4-1, а се беше решено уште во првото полувреме кога заводија со 2-0. Шахтјор игра одлично и делува доста моќно, па искрено кој и да е исходот на овој натпревар нема да бидеме изненадени.

Предлог

Овде едноставно нема фаворит. Интер има познати имиња во тимот, но Шахтјор е појак како колектив и не треба да се занемари мајсторството на Бразилецот од тој тим. Овде очекуваме отворен натпревар и предлагаме 4+ со квота 2.50 во 22Bet, а љубителите на конечен исход ги советуваме да испробаат со Х со квота 4.38 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…