Дома Останати Тенис Американецот го намачи Ѓоковиќ: Србинот по голема борба победи во Шангај!

Американецот го намачи Ѓоковиќ: Србинот по голема борба победи во Шангај!

Новак Ѓоковиќ по голема борба славеше победа против Американецот, Алекс Микелсен со 2:0 во сетови. Двата сета српскиот ас ги доби со по 7:6.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Микелсен од самиот почеток влезе одлично и направи брејк за водство од 2:0, а таа предност ја имаше до седмиот гем кога Ѓоковиќ го врати брејкот и сервираше за израмнување. Во тај-брејкот Новак беше подобар со 7:3.

Вториот сет беше скоро идентичен со тоа што Ѓоковиќ прв направи брејк и поведе со 3:1, но Микелсен возврати и израмни на 4:4. Вториот тај-брејк беше поизедначен од првиот, а Ѓоковиќ го доби со 11:9.

Во следното коло српскиот тенисер ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Коболи и Вавринка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…