Дома Македонски спорт Мак фудбал Алтипармаковски нов напаѓач на Брегалница

Алтипармаковски нов напаѓач на Брегалница

Поранешниот македонски младински репрезентативец Марјан Алтипармаковски е најновото засилување на Брегалница пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Искусниот 30-годишен офанзивец треба да донесе сериозен квалитет за нападот на „сините“. Алтипармаковски изминатава сезона настапуваше за Струга ТЛ, а претходно во богатата кариера беше дел и од Пелистер и Работнички во македонскиот шампионат, како и од Ксанти и Панилиакос во Грција, Интер Запрешиќ во Хрватска, литванска Судува, Сараево од БиХ и албански Лачи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Брегалница продолжува со ангажманот на докажаните македонски прволигашки имиња како засилување на играчките редови, а дополнение и на младоста во тимот на која и тоа се посветува внимание“ – истакна спортскиот директор Никола Тонев, по потписот на договорот со Алтипармаковски.

Од претходно, како што е познато, нови членови на Брегалница се и српскиот офанзивец Милан Ѓокиќ, поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред, како и крилниот офанзивец Бобан Георгиев кој пристигна од редовите на Борац Бања Лука. Засилена е и одбраната со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов, повратникот Стефан Коцев и Хрватот Антонио Азиновиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…