Дома Останати Тенис Алкараз воодушевен: Ова се моменти за кои сонувате како дете!

Алкараз воодушевен: Ова се моменти за кои сонувате како дете!

После четири сета и борба од четири часа и 19 минути Шпанецот Карлос Алкараз успеа да слави против Френсис Тиафо во полуфиналето на УС Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега Алкараз ќе игра против Каспер Руд во битка за титулата, но и за првото место на АТП листата.

„Фантастично е ова што ми се случува. Одиграв одлично против Френсис кој беше на високо ниво во последните две недели. Прекрасно е чувството да бидете во финалето. Ова се работи за кои сонував како дете, сега знам дека вложениот труд ми се исплатеше“.

„Првото место е блиску, но во исто време и далечно. Нема што многу да се каже првото место на АТП листата и Грен Слем титула се сон на секој млад тенисер. Уживам во моментот“, изјави Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

По историскиот настап на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има мо…