Дома Македонски спорт Мак фудбал Али Адем си замина од Шкупи

Али Адем си замина од Шкупи

Иако имаше најави дека Али Адем ќе остане во Шкупи, но сепак тој се враќа во грчки Арис.

Се очекуваше играчот за врска да остане уште шест месеци, меѓутоа дојде до пресврт во ситуацијата. Али Адем откако се појави на сцената во дресот на Вардар доби понуда од Солун која веднаш ја прифати. Минатиот февруари тој во потрага по минутажа се врати во ПМФЛ на позајмица во редовите на Шкупи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Навистина поминав добра година во Чаир. Остваривме одлични успеси и најважно е што уживавме со навивачите. Шкупи има историја, станува збор за одличен клуб и сигурен сум дека ќе ги исполни своите цели. Благодарност до сите во стручниот штаб, тренерот Седлоски, играчите, челниците на клубот и навивачите за големата поддршка“, изјави Адем.

Во изминатата година Адем одигра 30 натпревари и постигна два гола.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…