Дома Фудбал Англија Александер-Арнолд: Попрво би заиграл за Барса отколку за Реал

Александер-Арнолд: Попрво би заиграл за Барса отколку за Реал

Трент Александер-Арнолд со одличните игри во дресот на Ливерпул ја воодушеви фудбалската јавност.

Според многумина, Арнолд моментално е еден од најдобрите десни бекови на светот, а со своите игри за Црвените тоа го докажа повеќе пати. Тој е дете на тимот од Енфилд и на крајот сака кариерата да ја заврши токму во овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, веќе некое време се шпекулира дека Реал Мадрид на лето е се обиде да го донесе овој играч во своите редови, иако се чини дека тоа ќе биде невозможна мисија.

Александер- Арнолд за Индепендент изјави дека со сигурност ќе остане на Енфилд и откри дека за Реал не размислува, а ако некогаш ги напушти Црвените попрво би заиграл во Барса.

„Мој омилен тим покрај Ливерпул е Барселона. Верувам дека го негуваат истиот фудбал како ние во Ливерпул. Овде сите имаме исти верувања и сакаме да напредуваме се повеќе. Верувам дека таква е филозофијата и во Барселона.“ – изјави десниот бек на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…