Дома Фудбал Италија Алегри пред градското дерби: Дибала не е 100% спремен, Манџукиќ го испратив дома

Алегри пред градското дерби: Дибала не е 100% спремен, Манџукиќ го испратив дома

Јувентус утре го очекува гостување кај градскиот ривал Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Масимилијано Алегри на денешната конференција потврди дека хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ нема да биде во комбинација за утрешната средба.

„Манџукиќ е болен, па го испратив дома. Бернардески имаше проблем со мускулот на вчерашниот тренинг. Ќе биде во тимот, но не знаеме каква ќе биде неговата состојба. Дибала се уште не е спремен да започне натпревар, можеби ќе игра околу половина часа, а од следната недела ќе можеме да сметаме и на Матуиди“.

Пјаниќ и Кедира ќе играат од првата минута, но се уште не сум одлучил кој ќе биде покрај нив“, изјави Алегри.

Натпреварот помеѓу Торино и Јувентус се игра утре со почеток од 12:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го доби засилувањето од 60 милиони фунти!

Ливерпул официјално го потврди трансферот на францускиот дефанзивец Жереми Жаке од Рен, а …